Thursday, March 17, 2011

Податоци за мачките претставени во табела



Мачки
Вид Подвидови Живее.. Должина (во метри)
Тигар 8 сам 3.2
Лав 11 во групи 3
Гепард 0 во двојки или во семејни групи 2.9
Јагуар 9 сам 2.6
Леопард 8 сам 3.3
Пума 6 сама 2.3
Рис 4 во групи за време на спарувањето, а од својата прва година сами 1.5
Сервал 0 сам 1
Оцелот 0 сам 0.95
Марги 0 сам 0.7
Вкупно подвида: 46 Максимална должина 3.3


Минимална должина  0.7




Monday, March 14, 2011

Hyperlink

Klik:                         :)(:
            
Funny cats


Cute small Kitten 
Cat 
Cats                                                

Гепард

 Гепардот (Acinonyx jubatus) е животно од потфамилијата вистинки мачки и единствен претставник на родот гепарди. Се препознава по двете темни пруги кои водат од очите до устата. Живее сам, во двојки или во семејни групи. Лови преку ден. Денес има нешто помалку од 20 000 гепарди во Африка, и околу 200 единки во Иран.

Лав

Лавот (Panthera Leo) спаѓа во фамилијата мачки и во родот пантери. Постојат 11 подвида кои се разликуваат по бојата на крзното и големината на гривата. Живеат во групи составени ос по 2-3 мажјаци и 6-8 женки. Со женките се спарува само доминантниот мажјак во групата. Околу 18-20 часа дневно лавовите одмораат и ја варат храната која ја изеле. Лавот се храни со глодачи, зајаци, гну-антилопи и жирафи, а слонот е едно од ретките животни кои ги одбегнува.



Лавиците стануваат зрели на возраст од 2 години. Еднаш на две години раѓаат по 2-5 лавчиња, по период на носење од 110 дена.
Големи мачки
 
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8

Тигар

Тигарот (Panthera tigris) е вид мачка од родот пантери со 8 подвида. Води самотен живот на територија која може да зафаќа до 800 км2. Со женката останува само за време на спарувањето. Тигарот е ноќно животно и лесно се движи во мракот благодарение на своите мустаќи долги до 30см со чија помош ги чувствува треперењата на воздухот. Тогарот е опасен грабливец од азиски шуми и џунгли. Не е брз. Добар пливач е. Може да гладува цела недела, а потоа во само еден оброк да изеде околу 35 кг месо. Најголем е сибирскиот тигар. Тој достигнува должина до 3,2 метри.


      Бенгалскиот тигар има речиси бело крзно со кафеави риги, за разлика од другите тигари. Својата боја ја долши на генетска мутација која довела до отсуство на пигмени, нешто како кај албино животните. Во светот има околу дваесетина бели тигри и се среќаваат, главно во зоолошките градини.
Фамилијата се дели на две потфамилии: пантери (Pantherinae) во која се сместени големите мачки (леопард, тигар, лав, јагуар, снежен јагуар...) кои рикаат, ги пружаат пред себе предните шепи додека се одмораат и имаат тркалезни зеници; и вистински мачки (Felinae), во која се распределени мали и средно големи мачки (оцелот, марги,рис, пума, сервал...) кои не рикаат туку предат, кога се одмораат ги прибираат предните нозе под телото, јадат скупчени и редовно се хранат.
      Припадниците на фамилијата мачки ги има во поголемиот дел од светот.